Авг 31, 2022
Образование
Основните училишта спремни за учебната година
Основните училишта во Охрид спремни за стaрт на новата учебна година. Радува фактот што годинава е зголемен бројот на запишани првачиња. Лани биле 504, а годинава, 539 првачиња ќе седнат во училишните клупи.
Авг 31, 2022
Економија
Поедноставени процедурите за фотoволтаици
Домаќинствата и стопанските објекти може да поставуваат панели без одобрение од општината. Во Охрид не се дозволени панели на крововите на куќите во стариот дел од градот.
Авг 31, 2022
Силно невреме
Парче град уби бебе во Шпанија
Повеќе од 20 лица добиле повреди по невремето, а многу автомобили и згради биле оштетени од градот, изјавила градоначалничката.
Авг 31, 2022
Остров самос
Земјотрес од 5,2 степени ја погоди Грција
Според очевидци, двата земјотреси особено биле почувствувани на островот Самос, каде што владеела голема паника.
Авг 31, 2022
Работна посета
Акцијаши од Балканот деновиве во Охрид
Акцијашите кои доаѓаат од бившите југословенски простори беа воодушевени од убавините на Охрид и приемот на градоначалникот.
Авг 31, 2022
Целиот персонал го користи знаковниот јазик
Хотел Далјан единствен за инклузивен туризам
Хотелот Далјан на брегот на Охридското езеро, во соственост на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица е единствениот во земјава кој нуди инклузивен туризам. Половина од вработените се лица со инвалидитет, а работен јазик им е знаковниот. Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната патека, туку комплетна хотелската услуга, за лицата со инвалидитет да се почуствуваат еднакви.
Авг 31, 2022
Народен театар охрид
Секс лаги и љубомора повторно пред охриѓани
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Авг 31, 2022
Општина дебрца
Ногачески приреди свечен прием за првачињата
Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца. Оваа година за првпат општината ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари за секое прваче.
Авг 31, 2022
Претставници на американскиот совет
Млади политички лидери во посета на Охрид
Гостите беа информирани за начинот на функционирање на Локалната самоуправа, а беа запознаени и со културно-историските знаменитости.