Авг 26, 2022
Совет на општина Охрид
Жестока расправа за Мауцкер
Помина Програмата за располагање со државно земјиште на територија на Општина Охрид за 2022 година со која се отвора можност за продажба на парцели на Мауцкер. На седницата по оваа точка се водеше жестока расправа во која се вклучија и археолози и преставници од невладини кои бараа од советот да не дозволи продажба на земјиште на Мауцкер затоа што таму има значајни археолошки локалитети.
Авг 26, 2022
Спорт
Маратонците Илиевски и Неделкоска најдобри на Охрид 2022
Се одржа четвртиот Олимписки пливачки маратон „Охрид 2022“. Учествуваа Македонски пливачи во машка и женска конкуренција. Во земјава има потенцијал за маратонското пливање, но недостасуваат затворени базени каде што ќе се овозможат постојани тренинзи на пливачите, вели маратонецот Евгениј Поп Ацев.
Авг 26, 2022
Ванчо николески
Балкански поетски камп за млади
Младите поети и поетеси се од Македонија, Украина, Албанија, Бугарија. Виртуелно вклучување на настанот ќе имаат поети од Хрватска и Србија.
Авг 26, 2022
Вевчанско културно лето
Изложба на слики од Дафина Шекуткоска
Во рамки на „Вевчанското културно лето“ Дафина Шекуткоска се претставува со 17 големи платна од нејзиниот најнов творечки период.
Авг 26, 2022
Управата за хидрометеоролошки работи
Викендов сончево и топло
Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Авг 26, 2022
Свечена пригода
Започна Охридскиот хорски фестивал
Започна 13-тото издание на Охридскиот хорски фестивал, кој е организиран од Градскиот хор со поддршка на Општина Охрид.
Авг 26, 2022
Австралија
Запленета дрога вредна 1,1 милијарда долари
Била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.
Авг 26, 2022
Омикрон ба4
Новата ковид варијанта потврдена во Албанија
Коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата оваа есен.
Авг 25, 2022
Започнува 61. издание на СВП
Синот на јапонскиот поет Шунтаро Таникава, ќе го прими годинешниот Златен венец на СВП. Добитникот на годинешната награда на СВП не допатува во Струга заради поодмината возраст, но имаше гласовно обраќање. Се обрати и минатогодишниот лауреат израелскиот поет Амир Ор. Преку поезијата човекот ги слави мудроста, креативноста, слободата, филозофијата, порача поетот Ор.