Skip to main content
Авг 27, 2022
Општина охрид
Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна координативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација.

Авг 26, 2022
Охридско крајбрежје
Четиринаесет спасени животи и над 800 интервенции. Ова е билтенот од спасителните дневници на десетте плажи вдолж охридското крајбрежје каде имаше уредно поставени спасители на вода. Дури 26 плажи вдолж брегот останаа небезбедни и необележани. На Охридското Езеро оваа сезона регистрирани се тројца давеници, лица со здравствени проблеми на плажи каде немало спасители.

Авг 26, 2022
Совет на општина Охрид
Помина Програмата за располагање со државно земјиште на територија на Општина Охрид за 2022 година со која се отвора можност за продажба на парцели на Мауцкер. На седницата по оваа точка се водеше жестока расправа во која се вклучија и археолози и преставници од невладини кои бараа од советот да не дозволи продажба на земјиште на Мауцкер затоа што таму има значајни археолошки локалитети.

Авг 26, 2022
Спорт
Се одржа четвртиот Олимписки пливачки маратон „Охрид 2022“. Учествуваа Македонски пливачи во машка и женска конкуренција. Во земјава има потенцијал за маратонското пливање, но недостасуваат затворени базени каде што ќе се овозможат постојани тренинзи на пливачите, вели маратонецот Евгениј Поп Ацев.

Авг 26, 2022
Ванчо николески
Младите поети и поетеси се од Македонија, Украина, Албанија, Бугарија. Виртуелно вклучување на настанот ќе имаат поети од Хрватска и Србија.

Авг 26, 2022
Вевчанско културно лето
Во рамки на „Вевчанското културно лето“ Дафина Шекуткоска се претставува со 17 големи платна од нејзиниот најнов творечки период.

Авг 26, 2022
Управата за хидрометеоролошки работи
Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Авг 26, 2022
Свечена пригода
Започна 13-тото издание на Охридскиот хорски фестивал, кој е организиран од Градскиот хор со поддршка на Општина Охрид.

Авг 26, 2022
Австралија
Била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.