Авг 9, 2022
Крводарителска акција
За само 5 часа собрани 51-на единица крв
Крводарителската акција продолжува и денес од 9 до 13 часот во ОУ „Св. Климент Охридски“ спортска сала, велат од Црвен крст Охрид.
Авг 9, 2022
Нарушен јавниот ред и мир
Тепачка на улицата Васил Стефоски во Охрид
Двајца охриѓани на возраст од 64 и 48 години, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид.
Авг 9, 2022
Се пустоши рибниот фонд
Полицијата во битка со незаконитиот риболов
Рибокрадците неуморни и покрај засилените полициски контроли и натаму го пустошат рибниот фонд. Ендемичните заштитени риби во време на потполна забрана за лов, главни во гастрономската понуда на двата туристички центри.
Авг 9, 2022
Агенција за млади и спорт
Нова национална стратегија за млади
Ќе се креира нова стратегија за млади за следење на реалните потреби на младите луѓе во земјава. Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНДП најавуваат Национална стратегија за млади која ќе ги следи реалните потреби на младите луѓе и ќе одговори на барањата што тие ги имаат. Првичната верзија на Стратегијата се очекува кон крајот на годината, а во 2023 ќе следува акциски план.
Авг 8, 2022
Паркиралиште за пловни објекти
Охридското езеро остана без марина
Сеуште ја нема со децении најавуваната марина за пловилата во Охридското езеро. Каналот Билјанини извори претесен за огромниот број пловни објекти. Некогашното зимувалиште на плашицата, каналот Билјанини извори последните години, не само што е загаден од атмосферската канализација дополнително се загадува поради тоа што пловилата токму тука ги полнат резервоарите со бензин.
Авг 8, 2022
Фестивали на отворено
Филмскиот дух на летна сцена во Струга
Намерата е збогатување на културната програма во градот. Повисоката цел е да ја врќање на кино културата во Струга. Oдносно враќање на редовната кино програма која за ја нема ни во Охрид, ни во Струга.
Авг 8, 2022
Свети климент охридски
Вечерва на Охридско лето Камерниот мешан хор
Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата Света Софија.
Авг 8, 2022
Промоција на циклус од осум книги
Димитрије Бужаровски творештво и време
Промоција на циклусот од осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Авг 8, 2022
Црвен крст охрид
Крводарителска акција по повод Св. Климент
Крводарителска акција во ОУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) денес, во периодот од 19-24 ч. и утре во периодот од 9-13 ч.