Јул 16, 2022
Женско занаетчиство
(Видео) Базар на занаетчики во Охрид
Базарот треба да ги инспирира младите жени, така што ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе се вмрежуваат во иднина со цел да го афирмираат македонското културно богатство преку заживување на занаетите.
Јул 15, 2022
Јп билјанини извори
Недостиг на паркинг места во Охрид
И ова лето се чувствува недостигот на паркинг места во Охрид. Тесни грла во сообраќајот се улиците во централното градско подрачје, главните артерии кои водат кон плоштадот. Од ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите велат се обидуваат да обезбедат што поголем број паркинг места. Новитет е тоа што за првпат воведуваат хуманитарни паркинзи.
Јул 15, 2022
Свети наум охридски
ОЕМУЦ успешен пример кој треба да се следи
Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ континуирано и посветено работи на подобрување на условите и осовременување на наставниот процес. Денеска во училниците започна инсталирање на 14 паметни табли, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставата по сите предмети. Во тек е и реализација на зафати за подобрување на условите за учениците со посебни потреби. Денеска во посета на училиштето беше градоначалникот Пецаков кој истакна дека овој центар е успешен пример кој треба да се следи.
Јул 15, 2022
Стопанство
Охридското стопанство „гладно“ за занаетчии
Дефицитарни се голем број струки потребни во индустриското призводство. Потребна е едукација на занаетчии, во спротивно, ќе се соочиме со уште поголем дефицит на профили, напоменуваат од охридската Агенција за вработување.
Јул 15, 2022
Јп водовод охрид
Се работи на санација на дефектот на ул. Асном
Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето, информираат од ЈП „Водовод“.
Јул 15, 2022
Три дена
Градскиот базен ќе биде затворен за користење
Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид.
Јул 15, 2022
Драмски театар скопје
Монодрамата Кармен го отвора Вевчанско лето
Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а премиерно беше изведена во мај минатата година.
Јул 15, 2022
Загина тиинејџер
Силен земјотрес во Еквадор
16-годишно момче загина во силниот земјотрес кој го погоди Еквадор. Земјотресот бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Јул 15, 2022
Масакр на коњи
Кривична за директорот на ЗОО Скопје
Неколку лица се затекнати во помошни простории на ЗОО ( кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место.