Skip to main content
Јул 4, 2022
Градски базен Атина Бојаџи
Денеска со стартот на пливачките школи и официјално започна со работа реконструираниот градски базен. Општина Охрид и Јавното Претпријатие Билјанини Извори инвестираа во санација на олимпискиот, детскиот базен и уредување на трибините со цел да се подобрат условите во базенот Атина Бојаџи кој не видел посериозен реконструктивен зафат изминативе 10 години. Визијата на локалната и на раковотството на јавното претпријатие е комплетно реконструирање на целиот комплекс.

Јул 4, 2022
Заштита и спасување
Директорот на ДЗС, на денешното предавање на донацијата, истакна дека охридско струшкиот регион е од посебно значење да биде покриен и заштитен од пожари и елементарни непогоди. Според најавата од Дирекцијата до крајот на септември Охрид треба да добие и специјално возило возило кое ќе може да делува во стариот дел на градот, но и за во други тешко пристапни области

Јул 4, 2022
Сообраќајни контроли
Полициските службеници регистрирале 45 прекршоци кај возачи на мотоцикли. Во Охрид-17, Струга-15, Кичево-4 и Дебар-9.

Јул 4, 2022
Јп градски пазар
ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за прибирање на пријави за издавање на простор за поставување опрема за продажба на пченки.

Јул 4, 2022
Силно невреме
Делови од градот се соочуваат со четврта вонредна состојба од поплави за година и пол, а дождот предизвика излевање на високи брани и реки.

Јул 4, 2022
Министерство за труд и социјална политика
Со цел да се избегне метеж во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи.

Јул 4, 2022
Екипите на Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“ од рано утрово го чистеа манастирскиот комплекс Свети Наум.

Јул 4, 2022
Општина вевчани
Градоначалникот Спасе Кочоски информираше дека денеска ќе биде завршена изградбата на реконструрирана улица „Даскалој Обиколница“ во Вевчани.

Јул 4, 2022
Свр охрид
Приведени се две лица кои го нарушиле јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул. Железничка и се однесувале агресивно кон полициски службеници.