Skip to main content
Јул 6, 2022
Пополнување на недостиг од кадар
Со квалификувани келнери, рецепционери, собарки, кувари и друг кадар од Турција да се спасува хотелско-угостителскиот сектор во Македонија поради недостигот на работници. Ова е планот на туристичко угостителската комора која објави дека може да обезбеди 5000 работници од Турција кои веднаш можат да почнат да работат доколку државата ги олесни процедурите за нивно вработување во земјава. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија за повисоки плати.

Јул 6, 2022
Заврши Летната школа за млади уметници во рамките на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Дваесетина деца од Југозападниот регион во земјава изминативе десетина дена ги откриваа тајните на сликарската уметност. Со нивните дела ќе биде организирана изложба во мултимедијалниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани.

Јул 6, 2022
Комисија за заразни болести
Националната комисија за имунизација донесе заклучок за почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид 19.

Јул 6, 2022
Поп сцена
Светски познатата пејачка Ријана, официјална стана најмладата милијардерка во Америка. Нејзината пејачка се проценува на 1,4 милијарди долари.

Јул 6, 2022
Вечер на живко чинго
Општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Јул 6, 2022
Трагедија
66-годишен стружанец е пронајден удавен во водите на Охридското езеро, на плажа во близина на авто камп во Струга.

Јул 6, 2022
Трагедија
60-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа во близина на „Прентов мост“, откако со неговото возило излетал од коловозот.

Јул 6, 2022
Едно деноноќие
Според податоците од Националната организација за јавно здравје, во Грција за едно деноноќие, регистрирани се над 30 000 заразени со ковид 19.

Јул 6, 2022
Експерти предупредуваат
Експертите од Иницијатива за пченицата предупредуваат дека климатските промени би можеле да го намалат родот на пченицата.