Skip to main content
Јул 1, 2022
Републија македонија
Од денес, 1-ви јули, започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период. Истиот ќе трае до 31-ви август.

Јул 1, 2022
Свети наум охридски
Огромен интерес на основците од градов, средното образование да го продолжат во електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид. Во третиот уписен рок во месец јуни се запишани 216 ученици за образовната 2022/2023 учебна година. Најголем е интересот за насоката Техничар за индустриска мехаторника, каде беа пријавени 32 ученици, а се запишаа само 23.

Јул 1, 2022
Акција
Паркот беше исчистен од камења, комунален отпад и др. Беа исфарбани и стубчињата во црвена боја и беше отстранета старата дотраена боја. 

Јул 1, 2022
Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најкритично е во текстилниот сектор, потоа следува преработувачката индустрија, градежништвото, па земјоделието. Ова се податоците од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа, според кои во земјава има тренд на зголемување на бројот на несреќи на работното место, како и оние кои се со смртен исход.

Јул 1, 2022
Состојбата е алармантна
Изминатава недела случени се повеќе напади врз малолетни деца, а удавено е и цело стадо овци во село Мислешево. Граѓаните загрижени и револтирани, општината сеуште нема решение.

Јул 1, 2022
Мојот данок за мојата општина
Општина Дебрца ги повикува сите даночни обврзници должници по основ на данок на имот и комунална такса, да ги подмират своите обврски. Градоначалникот Ногачески информира дека доколку физичките и правни лица обврските не ги подмират во примерниот рок, ќе се пристапи кон присилна наплата.

Јул 1, 2022
Поставување мобилна опрема
ЈП „Градски Пазар“ објави Оглас за прибирање на пријави за издавање на простор за поставување мобична опрема за продажба на пченки.

Јул 1, 2022
Решавање на последиците од конфликтот во Украина
Чешка денес го презема претседавањето со ЕУ. Ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во нејзиното 18-годишно членство во Унијата.

Јул 1, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.