Skip to main content
Јун 14, 2022
Прехранбени производи
Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи. Министерот Бектеши подвлече дека ваквата одлука се носи откако трговците ги зголемија цените на производите и најави дека доколку се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.

Јун 14, 2022
Ти си твојот град
Узурпиран тротоар, бучава и метеж на ул. Никола Карев во близина на музичкото училиште. Жителите бараат помош од надлежните.

Јун 14, 2022
Започнува 21вото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. Седумдесетина млади уметници од 16 држави ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина, пијано и камерна музика.

Јун 14, 2022
Несоодветна реставрација
Мора да отпочне спроведувањето на препораките на Унеско во однос на старото градско јадро во Охрид, апелираат експертите. Ќе треба да се отстрани се што го нарушува амбиентот, клими, соларни системи, антени. Потребна е едукација за користење на старите техники за градење кои треба да се користат при реставрација на споменичните добра.

Јун 14, 2022
Продажба на храна и сувенири
Објавен Оглас за издавање на урбана опрема за комерцијално користење, за продажба на храна и сувенири во населба Пештани.

Јун 14, 2022
Безбедност на вода
Спасители ќе има на плажите пред хотелите. Грижата за безбедни капалишта без концесионери би требало да ја преземе општината со ангажирање на патролна служба спасители.

Јун 14, 2022
Пештерна црква
Вечерва сите патишта водат кон Свети Еразмо. Црквата посветена на Св. Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга.

Јун 14, 2022
Огласи
ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави Оглас за прибирање пријави за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

Јун 14, 2022
Оглас
ЈП „Градски пазар“ објави Оглас за прибирање пријави за издавање на простор за поставување на мобилна опрема до 2м².