Јул 1, 2022
Акција
Активисти на Црвена Младина го чистеа скејт паркот
Паркот беше исчистен од камења, комунален отпад и др. Беа исфарбани и стубчињата во црвена боја и беше отстранета старата дотраена боја.
Јул 1, 2022
Зголемен бројот на несреќи при работа во земјава
Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најкритично е во текстилниот сектор, потоа следува преработувачката индустрија, градежништвото, па земјоделието. Ова се податоците од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа, според кои во земјава има тренд на зголемување на бројот на несреќи на работното место, како и оние кои се со смртен исход.
Јул 1, 2022
Состојбата е алармантна
Зачестени напади од кучиња скитници во струшко
Изминатава недела случени се повеќе напади врз малолетни деца, а удавено е и цело стадо овци во село Мислешево. Граѓаните загрижени и револтирани, општината сеуште нема решение.
Јул 1, 2022
Мојот данок за мојата општина
Ногачески со апел до даночните обврзници
Општина Дебрца ги повикува сите даночни обврзници должници по основ на данок на имот и комунална такса, да ги подмират своите обврски. Градоначалникот Ногачески информира дека доколку физичките и правни лица обврските не ги подмират во примерниот рок, ќе се пристапи кон присилна наплата.
Јул 1, 2022
Поставување мобилна опрема
ЈП Градски Пазар издава простор за продажба на пченки
ЈП „Градски Пазар“ објави Оглас за прибирање на пријави за издавање на простор за поставување мобична опрема за продажба на пченки.
Јул 1, 2022
Решавање на последиците од конфликтот во Украина
Чешка го презема претседавањето со ЕУ
Чешка денес го презема претседавањето со ЕУ. Ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во нејзиното 18-годишно членство во Унијата.
Јул 1, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Од денеска поскапува струјата
Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.
Јун 30, 2022
Нелегален транспорт
Приведени две лица за нелегална сеча на огревно дрво
Жител на Велешта и жител на Вевчани се приведени поради нелегална сеча и нелегален транспорт на огревно дрво кај месноста „Равење“.
Јун 30, 2022
Апел
Водата за пиење разумно да се користи
ЈП „Водовод“ Охрид упатува апел до сите корисници да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на земјоделските насади.