Skip to main content
Јун 2, 2022
Евакуирани 250 лица
Евакуирани 250 лица по дојава за бомба утрово во зградата на Жупанискиот суд во Сплит. Полицијата врши увид на местото.

Јун 2, 2022
Физички напад
Охриѓанец нападнал сограѓанин пред угостителски објект на ул. „Кленоец“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Јун 2, 2022
Санација на дефект на водоводна мрежа
Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците на ул. „Гоце Делчев”, од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан.

Јун 2, 2022
Акција
Жардиниери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнаа жителите на Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј.

Јун 2, 2022
Празници
Православните верници денес ги одбележуваат празниците Вознесение Христово, Спасовден и празникот посветен на Св.маченик Талалеј.

Јун 2, 2022
Општина Охрид
Советот на Општина Охрид ќе ја одржи 12-та седница на 8 јуни со почеток во 09 часот. На дневен ред на ова издание на седницата се 35 точки.

Јун 1, 2022
Низа активности на екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ низ Охрид и околината, за одржување на јавната чистота.

Јун 1, 2022
Вевчански видувања
Од 27-ми јуни до 4-ти јули во склоп на Вевчанската колонија „Вевчански видувања“ ќе се одржи летна ликовна школа за деца.

Јун 1, 2022
Забрана за моторен сообраќај
Од утре се воведува нов времен режим на сообраќај на улицата „Кеј Македонија“, информираат од Локалната самоуправа.