Skip to main content
Мај 27, 2022
Еколошка акција
Во Дубровник се организираше еколошка акција за чистење на цврст отпад, на која учество зедоа и нуркачи од Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.

Мај 27, 2022
Кај новинарите, влијаат ниските примања, но и лошите работни услови, а кај сопствениците и уредниците е недостигот на финасии за медиумот.

Мај 27, 2022
Културно наследство
Стручниот тим од ИКОМОС Македонија започна со мониторинг на состојбата на црквите и манастирите во Охридскиот регион.

Мај 26, 2022
Проверка на факти
Тврдењето на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин дека руските вооружени сили не гранатираат цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни, делува чудно и во најмала рака прозвучува неразумно во ситуација кога бројни светски и домашни медиуми постојано објавуваат снимки од разрушени цивилни објекти во Украина. Не е можно сите тие снимки кои се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи да бидат лажни. Потврда за тоа дека руските сили напаѓаат цивилни објекти има и од украинските власти.

Мај 26, 2022
Пригодна свеченост
ООУ „Братство Единство“ Охрид со пригодна свеченост го одбележа патрониот празник. Во училишниот двор беа реализирани низа спортски и забавни содржини во кои беа вклучени ученици од оделенска и предметна настава. На најуспешните ученици кои покажале врвни резултати во наставата и на натпревари им беа доделени награди.

Мај 26, 2022
Југозападен регион
Граѓаните од Југозападниот регион за три месеци од почетокот на годинава доставиле до правобранителот од подрачната канцеларија во Кичево дури 90 претставки. Најмногу проблеми имаат со правосудството и обвинителството. Граѓаните бараат помош од правобранител и во тек на постапките, но најчесто на институцијата омбудсман гледаат како на последна надеж за заштита на нивните права. Во канцеларијата на народниот правобранител формиран е и посебен тим за проблемите на граѓаните со извршителите.

Мај 26, 2022
Колекторски систем
Со пречистителна станица во Радожда ќе се заокружи колекторскиот систем од струшка страна на Охридското Езеро. Ќе се намали загадувањето на езерото, како клучна препорака на Унеско. Владата лани во февруари, побара овој проект да биде приоритет, но изградбата се` уште не е започната.

Мај 26, 2022
Проверка на факти
Министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи на 7 март во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден пред инвазијата купило гориво од руска компанија во земјата, поточно „ЛукОил“, пишува Порталб.мк.

Мај 26, 2022
Литература
Неговата посета на Охрид, Валерио ја искорсти да го промовира неговото творештво пред љубителите на пишаниот збор.