Skip to main content
Мај 24, 2022
Координирана акција
Запленети над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мај 24, 2022
Трета интернационална конференција
Од 25-ти до 28-ми мај во Охрид ќе се одржи третата интернационална конференција „Перспективите на балканската археологија“.

Мај 24, 2022
Археологија
Археолози од Швајцарија, Германија и Полска ќе го истражуваат локалитетот Врбник во струшко. Проектот е на министерството за култура.

Мај 24, 2022
Одбележување празници
Одбележан Денот на Македонските и Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Браќата мисионери на христијанството.

Мај 24, 2022
МЕД заедно со соработници од ПП Езерани и НП Галичица учествуваа во меѓународното пребројување на пеликани во ЈИ Европа.

Мај 23, 2022
Несреќа
Траект со повеќе од 130 луѓе денеска се запали додека се приближуваше кон североисточната провинција Филипини. Загинале седум лица.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото кое кружи на Интернет е старо седум години и не е поврзано со руската инвазија на Украина.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Поранешната мис на Украина, Анастасија Лена на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со автоматска пушка, но тоа не значи дека таа се приклучила на украинската армија. Анастасија Лена објавила фотографии на својот инстаграм профил само за да ги инспирира своите сонародници. „Јас не сум војник, само жена, само обичен човек како и сите луѓе во мојата земја“, напиша таа на Инстаграм.

Мај 23, 2022
Македонски банки
Од Народна банка за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“ и нагласуваат дека „солвентноста на македонските банки, во никој случај не е доведена во прашање“. Во однос на инфлацијата, од Народна банка велат дека истата е над првичните проекции и изнесува 6,7 отсто во јануари. Но, оттаму напоменуват дека ова е умерена инфлација, а не галопирачка. Она што е важно да се нагласи и да се направи разлика во јавноста е дека инфлацијата не е и девалвација. Одговорно тврдиме дека денарот е и ќе остане стабилен, велат од НБРСМ.