Мај 22, 2022
Проверка на факти
Видеото од овој пост не е од руски авион, туку 10 години стара снимка од Либија
танува збор за видео кое што Асошиејтед Прес го има објавено на својот Јутјуб канал уште на 19 март 2011 година, а потекнува од Бенгази, Либија. Насловот на тоа видео е „Авион соборен од либиски бунтовници“.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Видеото од руски војници кои со падобрани се спуштаат над Харков е старо најмалку 8 години
Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток, а истото го има и на Фејсбук, споделено на страницата „Made in Russia“ на 18 септември 2016 година.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Зеленски не избегал од Украина за Лондон
Рецензираме Фејсбук пост во којшто е споделена вест од порталот „МКД Прес“, а во којашто се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е во Украина.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Авиони на македонската авијација не прелетувале над руската амбасада во Скопје
Mакедонската авијација воопшто, во своите редови, не поседува авиони кои се во возна состојба, за да можат да прават прелети. На официјалната страница на Армијата пишува дека „во состав на единицата има два воздухоплова од типот Ан-2 и Злин 143Л кои моментално се неоперативни, поради немање на резервни делови и документација за пловидбеност“.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Зеленски не им дал наредба на украинските војници да уништат се што ќе им дојде на нишан
Дел од насловите во медиумите каде што се тврди дека украинскиот претседател Зеленски изјавил „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ се неточни, односно тоа е нешто што Зеленски го нема изјавено во својот говор.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Путин не ги спомна Пендаровски и Вучиќ во својот говор
„Вистиномер“ го прегледа говорот на рускиот претседател, Владимир Путин од 24.02.2022 г., објавен на официјалната страница на Кремљ, и во него тој во никаков контекст не ги спомнува македонскиот и српскиот претседател.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Не е вистина дека украинските војници масовно го положувале оружјето
Руското министерство за одбрана објави дека украински војници го положувале оружјето, повикувајќи се на разузнавачки информации. Но, ваквите информации ги демантираат украинските проверувачи на факти. Веста за масовно положување на оружјето од страна на украинските војници е лажна. Такво нешто немало, украинската војска продолжува да се спротивставува на руските напади.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Ова видео не е од руската инвазија на Украина, старо е две години
Како што пишува „Ројтерс“, видеото е лажно поврзано со кризата во Украина и е дел од руско шоу со авиони од 2020 година.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Јакимоски спинува кога вели дека војната е поради украинскиот претседател комичар
Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот претседател „комичар“ се класично извртување на вистината и спинови. Ниту Зеленски е „комичар“, напротив, тој е дипл. економист, ниту Украина била пасивна и не се обидела да ја спречи војната.