Мај 23, 2022
Проверка на факти
Видео покажува руски војник кој се збогува со ќеркичката, не украински
На емотивната снимка од војник кој се збогува од ќеркичката, што се прошири на социјалните мрежи, а потоа ја презедоа и голем број медиуми, нема украински, туку руски војник, а видеото е направено пред нападот на Русија врз Украина.
Мај 23, 2022
Проверка на факти
Не е точно дека Турција има неутрален став за војната во Украина
Наспроти тврдењето на претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев дека Турција има неутрален став во однос на војната во Украина, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кажа дека неговата земја ја поддржува борбата на Украина за заштита на нејзиниот територијален интегритет. Министерството за надворешни работи на Турција, пак, соопшти дека инвазијата врз Украина претставува сериозно кршење на меѓународното право.
Мај 23, 2022
Проверка на факти
Веселиот руски војник се снимал во 2015, а не во 2022
Видеото од овој војник падобранец кое има над 20 милиони прегледи на социјалната мрежа „Тик Ток“, не е снимено годинава, при руската инвазија над Украина. Репортерот на „Ен-Би-Си Њуз“, Бен Колинс, кој се занимава со разоткривање дезинформации, пишува дека ова видео е старо. Истото во 2015 година во август е објавено на Инстаграм.
Мај 23, 2022
Ден на македонските просветители
Промовирана книгата за светите браќа Кирил и Методиј
Промовирано изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во рамки на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители. Пред нас имаме дело што уште еднаш ги потврдува и ги реактуелизира и по милениум, заложбите на Св. Кирил и Методиј да се зборува на сопствениот јазик, ќе каже промоторот на делото. Ова дело на Пандев и Ѓорѓо Димоски е 5-то по ред, од серијалот на книги на охридски и македонистички теми чиј издавач е Општина Охрид.
Мај 23, 2022
СОСУ св. кирил и методиј
Ученици ги претставија своите професионални модели
Средношколците од стручното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во рамки на одбележувањето на патронатот, го промовираа проектот „Мојот професионален модел на вработен“. Станува збор за претставување на иновативен и интересен начин на соработка на учениците со вработените во претпријатијата каде што се обавува практиканство. Проектот е организиран од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на професор Весна Карамитре, во соработка со професор Гордана Бешироска Ристеска.
Мај 23, 2022
Национални паркови
НП Галичица и пријателите поблиску до вас
Отворен ден „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“, со цел промоција на сите туристички вршители на дејност и самиот парк.
Мај 23, 2022
Еден од најгледните филмови во регионот
Си беше еднаш во Србија премиерно во Охрид
Во среда и четврток со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, премиерно ќе биде прикажан српскиот филм „Си беше еднаш во Србија“.
Мај 23, 2022
Влашка етничка заедница
Честитка на Пецаков за Националниот ден на власите
Честитка по повод 23-ти мај, Меѓународниот ден на власите, упати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Мај 23, 2022
Екологија
Фекалии се излеваат во Струшко Поле
Поради диви приклучоци и нелегални градежни активности, со денови фекалии се излеваат во Струшко Поле. Еколошка катастрофа која може да има последици врз здравјето на граѓаните. Од ЈП „Колекторски систем“ велат дефектот е предизвикан од нелегални градежни активности за што ќе бараат помош и од Народниот правобранител.