Мај 22, 2022
Проверка на факти
Јакимоски спинува кога вели дека војната е поради украинскиот претседател комичар
Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот претседател „комичар“ се класично извртување на вистината и спинови. Ниту Зеленски е „комичар“, напротив, тој е дипл. економист, ниту Украина била пасивна и не се обидела да ја спречи војната.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Руска пропаганда дека земјите од Западен Балкан пратиле платеници во Украина
Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон име е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди дека ниту еден нејзин граѓанин не отишол да се бори за Украина, пишува Порталб.мк.
Мај 22, 2022
Наспроти тврдењата на баздникин
Русија се замеша во внатрешните работи на Украина
Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, тврди дека приоритетот на Русија не е конфронтација, туку обезбедување безбедност и услови за спокоен, просперитетен развој на земјата во мирни услови. Но, фактите го говорат спротивното – Русија официјално призна постоење на две сепаратистички републики на територијата на Украина, што е директно мешање во внатрешните работи на државата. Со ова, се кршат основите на меѓународното право и принципи, бидејќи признавањето на овие две сепаратистички републики, а потоа и испраќањето воени сили во нив се поткопува интегритетот и владеењето на Украина на своите територии признаени од ОН и државите во светот.
Мај 22, 2022
Проверка на факти
БиБиСи со проверка на факти за обраќањето на Путин
Тимот на проверувачи на факти „Reality Check“ на британскиот државен радиодифузер Би-Би-Си го анализираше долгото полноќно обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, откако нареди руски војници да влезат во двата бунтовни региони во источна Украина, во Донецката и во Луганската област, а претходно ги призна самонаречените „Донецка народна република“ и „Луганска народна република“ како држави.
Мај 22, 2022
Чествување ден на сесловенските просветители
Книга за Светите браќа Кирил и Методиј
Од печат излезе книгата за Светите браќа Кирил и Методиј, во издание на Општина Охрид, а ја уредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Мај 22, 2022
Општина охрид
Поништен Јавниот повик за општински линиски превоз
Се известува јавноста дека е поништен Јавниот повик за субвенционирање на општински линиски превоз и неговата измена.
Мај 22, 2022
Работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Охрид и Струга се изборија за работа во недела
Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо.
Мај 22, 2022
Јавен превоз на патници
Две лица управувале такси возила без лиценца
Едно лице од Струга и едно од с. Радолишта, управувале такси возило за јавен превоз на патници, но не поседувале соодветна лиценца.
Мај 21, 2022
ООУ христо узунов
Mарш за подигнување на свеста за врсничко насилство
ООУ „Христо Узунов“ како апликант и учесник во Европската програма Еразмус+ KA101 за обука на наставен кадар доби грант за проектот.