Мај 13, 2022
Кривична пријава
Жител на Подгорци вршел јавен превоз без лиценца
19-годишен жител на селото Подгорци, струшко доби кривична пријава поради вршење јавен превоз без лиценца.
Мај 13, 2022
Општина охрид
Свикана единаесеттата седница на Советот
Во петок на 20-ти мај ќе се одржи единаесеттата седница на советот на Општина Охрид. Седницата е со почеток во 9 часот.
Мај 13, 2022
Државен завод за статистика
Во месец март 10 одобренија за градба во Охрид
Државниот завод за статистика објави дека во Охрид издадени се 10 одобренија за градба во месец март годинава. Во Струга само едно одобрение.
Мај 13, 2022
Признание за сестрите од охридската болница
Сите медицински сестри од ковид центрите се прогласени за хероини во бело. Врачени награди при одбележување на неделата на сестринството.
Мај 13, 2022
УНХЦР
Бројот на бегалци од Украина надмина 6 милиони
Повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле Украина откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари, соопштија од УНХЦР.
Мај 13, 2022
Социјална платформа
Илон Маск го замрзна купувањето на Твитер
Привремено е сопрено преземањето на „Твитер“, ова го кажа Илон Маск, кој во април го најави купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.
Мај 13, 2022
Метео предупредување од ухмр
Доаѓаат пороен дожд и грмежи
Утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Мај 13, 2022
Борба против руското влијание
Улогата на албанските партии во РСМ
Во 2001 година во Северна Македонија беа потпишани два многу важни договори за напредокот на земјата. Првиот договор (Охридскиот договор) ја спаси државата од можна катастрофа и загарантира мултиетничка и демократска држава според принципите на ЕУ. Вториот договор (Спогодбата за стабилизација и асоцијација) и даде на земјата евроатланска насока, со што се минимизираа шансите за антидемократско влијание во земјата. Албанските политички партии во РСМ беа директно вклучени во процесот на потпишување на овие договори и јасно се изјаснија за членство на земјата во ЕУ и НАТО. Додека пак, ЕУ и НАТО ја поддржаa „шарената револуција“ со која беше соборена влада блиска до Русија и Путин, пишува Порталб.мк.
Мај 13, 2022
Трагедија во србија
Си ја фрлила ќеркичката од трети спрат
Трагедија во Србија. Мајка си ја фрлила ќеркичката од трети спрат, а потоа скокнала по неа, јавуваат српските медиуми.