Skip to main content
Мај 22, 2022
Проверка на факти
Рецензираме Фејсбук пост во којшто е споделена вест од порталот „МКД Прес“, а во којашто се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е во Украина.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Mакедонската авијација воопшто, во своите редови, не поседува авиони кои се во возна состојба, за да можат да прават прелети. На официјалната страница на Армијата пишува дека „во состав на единицата има два воздухоплова од типот Ан-2 и Злин 143Л кои моментално се неоперативни, поради немање на резервни делови и документација за пловидбеност“.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Дел од насловите во медиумите каде што се тврди дека украинскиот претседател Зеленски изјавил „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ се неточни, односно тоа е нешто што Зеленски го нема изјавено во својот говор.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
„Вистиномер“ го прегледа говорот на рускиот претседател, Владимир Путин од 24.02.2022 г., објавен на официјалната страница на Кремљ, и во него тој во никаков контекст не ги спомнува македонскиот и српскиот претседател.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Руското министерство за одбрана објави дека украински војници го положувале оружјето, повикувајќи се на разузнавачки информации. Но, ваквите информации ги демантираат украинските проверувачи на факти. Веста за масовно положување на оружјето од страна на украинските војници е лажна. Такво нешто немало, украинската војска продолжува да се спротивставува на руските напади.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Како што пишува „Ројтерс“, видеото е лажно поврзано со кризата во Украина и е дел од руско шоу со авиони од 2020 година.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот претседател „комичар“ се класично извртување на вистината и спинови. Ниту Зеленски е „комичар“, напротив, тој е дипл. економист, ниту Украина била пасивна и не се обидела да ја спречи војната.

Мај 22, 2022
Проверка на факти
Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон име е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди дека ниту еден нејзин граѓанин не отишол да се бори за Украина, пишува Порталб.мк.

Мај 22, 2022
Наспроти тврдењата на баздникин
Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, тврди дека приоритетот на Русија не е конфронтација, туку обезбедување безбедност и услови за спокоен, просперитетен развој на земјата во мирни услови. Но, фактите го говорат спротивното – Русија официјално призна постоење на две сепаратистички републики на територијата на Украина, што е директно мешање во внатрешните работи на државата. Со ова, се кршат основите на меѓународното право и принципи, бидејќи признавањето на овие две сепаратистички републики, а потоа и испраќањето воени сили во нив се поткопува интегритетот и владеењето на Украина на своите територии признаени од ОН и државите во светот.