Мај 6, 2022
Ухмр
Намален водостојот на Охридското езеро
Намален е водостојот на Охридското езеро за два сантиметри, додека нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.
Мај 6, 2022
Диви депонии
Струга „опколена“ со отпад
Десетици диви депонии во околината на туристичка Струга. Планини отпад ги затрупаа влезовите на градот на мостовите. Општината започна акција за расчистување, инспекторите најавуваат казни, но и запленување на возилата кои ќе се затекнат при нелегално одлагање отпад.
Мај 6, 2022
Ден на европа
Детска трка на 9-ти мај во Охрид
На 09.05.2022 во 12 часот, на стадионот „Билјанини извори“ по повод Ден на Европа, ќе се одржи „Детска трка“.
Мај 6, 2022
Хуманост
Крводарителска акција на ФТУ Охрид
На 10-ти мај, крводарителска акција на ФТУ организира Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина.
Мај 6, 2022
Ѓурѓовден
Денес се празнува Свети Георгиј Победоносец
Православните верници денес го празнуваат Ѓурѓовден, празник во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец.
Мај 6, 2022
Ти си Твојот Град
Комунален проблем на рекреативната патека
До рубриката „Ти Си Твојот Град“ граѓани испратија видео за нов комунален проблем на рекреативната патека која води до Парк.
Мај 5, 2022
Ну библиотека охрид
Свечено одбележан Денот на македонскиот јазик
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма го одбележа 5-ти мај–Денот на македонскиот јазик. По тој повод членови на Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид читаа сопствена поезија и песни од познати македонски автори. Пејачката група и оркестарот при КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид изведоа перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.
Мај 5, 2022
Водоснабдување
Реконструкцијата на „Просветители“ ги секна славините
Градежните работи на Македонски Просветители ги секнаа славините од градската мрежа во централното подрачје. Паралелно со реконструкцијата на улицата се менува и водоводната мрежа.
Мај 5, 2022
Градежни активности
Канализациона линија на крак од ул. Рашанец
Започнати се градежни активности за изведба на канализациона линија со должина од 235 метри на крај од ул. „Рашанец“.