Skip to main content
Мај 2, 2022
Наскоро на програмата на ТВМ
Од понеделник-петок во 22:30 на ТВМ Телевизија серијата Екатерина Велика. 44 продолженија полни со страст, интриги, вистини и раскош.

Апр 30, 2022
Охрид еко 2022
Акцијата за чистење на дното на Охридското езеро е финансирана од Општина Охрид, со поддршка на локалниот бизнис сектор.

Апр 30, 2022
Покрстување на киевска русија
Врските меѓу Охрид и Русија како стари словенски центри се континуирани низ вековите, но од Руската православна црква нема некаква забележителна поддршка за Македонската православна црква. Руската православна црква ги штити интересите на Српската црква и не ја признава Македонската православна црква, велат свештениците.

Апр 30, 2022
Војна
Еден од потешко воочливите начини на влијание, кој станува мошне агресивен од моментот на започнување на инвазијата на Путин врз Украина, е споредувањето, поистоветувањето и оправдувањето на таа војна.

Апр 30, 2022
Странски лаборатории
Нема докази дека украинската влада наредила уништување на патогени на антракс, колера и други заразни болести дента кога Путин изврши инвазија врз Украина. Исто така, не е вистина дека во Украина постојат лаборатории за производство на биолошко оружје финансирани од САД.

Апр 30, 2022
Заедничко припаѓање
Еден од наједноставните начини за влијание кај поширок круг луѓе, а кој е континуирано користен од страна на Русија во деjствувањето во Македонија, е градењето и негувањето на наративот за заедничкото припаѓање (во меѓународните односи таа теорија е позната како „природно сојузништво“).

Апр 30, 2022
Јавен повик за субвенции
Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Охрид, објави Општина Охрид.

Апр 29, 2022
Пропагандно величење на Русија
Кај нас се продаваат неколку руски списанија за алтернативна медицина: „Руски травар“, „Руски доктор“ и Руски лек“. Преку нив се испраќаат пораки од типот: „Рускиот совет здравје вреди“, „Русите имаат лек“ и „Вие прашувате, руските лекари ви одговараат“. Во овие списанија народната медицина е „руска народна медицина“, разно – разните народни рецепти , исто така, се „руски рецепти“.

Апр 29, 2022
Правосудство
Охридски пчелар казнет со парична оштета за напад на пчели при транспорт. Незадоволен од правниот систем во државата правдата ќе ја бара во Стразбур. Високата сума на оштета ќе го уништи пчеларството како стопанска гранка, загрижено велат пчеларите.