Skip to main content
Мај 19, 2022
Проверка на факти
е работи за неточна содржина објавена над фотографија од претседателот на ВМРО НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски. Тој за „Вистиномер“ изјави дека се работи за тотална дезинформација, дополнувајќи дека веќе два месеци нема дадено никаква изјава за никаква тема. Инаку, станува збор за преземена сатирична вест, но во објавата на Фејсбук тоа никаде не е наведено, а и според коментарите под постот се гледа дека речиси сите поверувале во напишаното.

Мај 19, 2022
Проверка на факти
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека жената од фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. „Тајниот рецепт“, пак, водата од кормид, не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок.

Мај 19, 2022
Проверка на факти
Конфликтите на големите сили, особено заканите од војна се секогаш медиумска тема која ги погодува читателите и носи многу кликови. Од друга страна, ако таквите информации се сензационалистички, не поткрепени со аргументи, пренесени погрешно и хиперболизирани му штетат на квалитетното новинарство. Во текстот, што го анализираме, јавните изјави на рускиот функционер се искривени и се користат за предупредување за неизбежна војна меѓу Русија и Америка, пишува Порталб.мк

Мај 19, 2022
Проверка на факти
Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк.

Мај 19, 2022
Акција во Кармен
Од утре до сабота, во просториите на нивниот продажен центар ќе се одржи голем саем на рачен електричен алат и материјали за градежништво.

Мај 19, 2022
Проверка на факти
Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности.

Мај 19, 2022
Проверка на факти
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека неверојатна снимка од Света Гора покажува дека се појавила Богородица.

Мај 19, 2022
Градска библиотека охрид
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, утре ќе биде домаќин на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“.

Мај 19, 2022
Проверка на факти
На фејсбук е објавено видео од руски владика, кој, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“.