Апр 28, 2022
Претрес во охрид
Пронајдена дрога, приведено едно лице
Пронајдена дрога кај 35-годишен охриѓанец, при претрес во неговиот дом. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Апр 28, 2022
Екологија
Акција за чистење на Охридското Езеро, Охрид Еко 2022
Викендов во Охрид ќе се одржи меѓународната еколошка акција за чистење на Охридското езеро „Охрид Еко 2022″.
Апр 28, 2022
Култура
Прво издание на Етно фестивалот во Охрид
Со концерт на етно составот „Монистра“ синоќа започна Етно фестивалот. Фестивалот е поддржан од Општина Охрид.
Апр 27, 2022
Заштита на регионот на охридското езеро
Билатерална средба во Тушемиште
Билатерална средба на македонски и албански претставници за заштита на регионот на охридското езеро. Средбата се одржа денеска во Тушемиште.
Апр 27, 2022
Онлајн состанок
Лидерски самит на Отворен Балкан во Охрид
Во првата половина од јуни во Охрид ќе се одржи лидерски самит на Отворен Балкан, информираше премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.
Апр 27, 2022
Образование
Наставничката минимална плата под националната
Нема уцени со проценти за покачување на платата туку бараме почитување на колективниот договор во образованието. Сакаме усогласување на нашата со минималната плата на национално ниво, порачаа просветните работници од охридските школи кои се револтирани од повеќегодишно маргинализирање во општеството.
Апр 27, 2022
Генерален штрајк
Управата за водење матични книги бара повисоки плати
Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот.
Апр 27, 2022
Паника во црна гора
Дојави за поставени бомби во училишта и општини
Дојави за бомби се испратени на имејл адресите на десетици директори на основни училишта во Црна Гора, како и во неколку општини.
Апр 27, 2022
Штрајк во образование
Образовен хаос
Половина од учениците во струшко одат на училиште. 38% од наставниците и професорите се обидуваат да реализираат настава, останатите штрајкуваат. Вистински образовен хаос. Не се знае како ќе се надоместува изгубената настава за одредени предмети од професорите кои штрајкуваат, но и за учениците, кои повеќе од две недели воопшто не одат на училиште.