Skip to main content
Апр 20, 2022
Охридски Комуналец
Засилени акции за чистење и уредување на Охрид во пресрет на престојните празници и летната туристичка сезона. Општината викендов ја реализира првата генерална акција. Во еден ден беа расчистени 9 диви депонии и беа собрани 260 м3 отпад. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат, ваквите генералки ќе се организираат еднаш месечно.

Апр 20, 2022
Историско наследство
Екипа на НУ Завод и Музеј започна со санација на објектите од локалитетот Плоча Миќов град.

Апр 20, 2022
Култура
Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Апр 20, 2022
Македонија2025
Објавен повик за стипендии за учество на камп за високо-технолошка извонредност кој ќе се одржи во месец јули во Охрид.

Апр 19, 2022
Традиционална вечера
Во организација на градоначалникот Кирил Пецаков вечерва се одржа Ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед.

Апр 19, 2022
Два милиони литри
Испорачани се првите количини масло од Србија кои утре треба да се најдат во маркетите, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Апр 19, 2022
Урбанизам
Близу 200 урбанистички планови стојат со години незавршени. Некои од нив започнати пред 20 години, а добар дел во хартиена форма , за кои постапката ќе треба да се повтори. Ова го истакна Градоначалникот Пецаков на последната седница на совет во врска со предизвиците кои се пред локалната власт од сферата на урбанизмот.

Апр 19, 2022
Туризам
„Мобилен зимски авантуристички парк“ нова туристичка содржина во Охрид. Охридските алпинисти ќе ги подучуваат посетителите на безбедост на планина. Набавена е опрема од 30 комплети за зимски авантури.

Апр 19, 2022
Недела на солидарност
Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства кои ќе бидат наменети за социјално ранливите категории, како и бегалците од Украина.