Сеп 8, 2025
Денес започнува Фестивалот на македонски филм во Македонскиот културен центар во Загреб
Фестивалот ќе почне со проекција на почетоците на македонската кинематографија – со ексклузивна проекција на целокупниот дигитално реставриран филмски опус на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот.
Сеп 8, 2025
Тече втора постапка за враќање во Македонија на украдените икони пронајдени во Тирана
Земјава се обидува да ги врати 36 те украдени икони од македонските цркви пронајдени во Тирана. По првата успешна постапка кога од Албанија беа вратени 20 идентификувани икони, тече втората. Вратените икони се во процес на конзервација.
Сеп 8, 2025
Утре промоција на фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра
„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано во 12 часот, во Лапидариумот од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.
Сеп 8, 2025
Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Денот на независноста
Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.
Сеп 5, 2025
Положено цвеќе во спомен на жртвите од несреќата на бродот „Илинден“
Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија.
Сеп 5, 2025
81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада
Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во просториите на охридската касарна присуствуваше на свеченост по повод 81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада.
Сеп 4, 2025
НУ Хидробиолошки Завод Охрид одбележа импозантен јубилеј, 90 години од основањето
Хидробиолошкиот Завод е основан во 1935 година и е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес. Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во Македонија чија главна преокупација е лимнологијата на природните езера на (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Сеп 1, 2025
Прв училиштен ден во новата зграда на ООУ „Кочо Рацин“
Новите училишни простории на ООУ „Кочо Рацин“ се сместени во еден од објектите на поранешната касарна. Беше извршена целосна реконструкција, адаптација и опремување на просторот, со што се обезбедени современи услови за изведување на наставата.
Авг 30, 2025
Жителите на Вапила бараат од надлежните решавање на проблемот со водоснабдувањето
Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот.