Skip to main content
Апр 19, 2022
Ковид мерки
Туристичките агенции бараат укинување на рестриктивните мерки при влез во државата. Сметаат дека во пресрет на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници потребно е олеснување на протоколите на граничните премини. Целта е туристичко раздвижување и поголеми приходи во туристичкиот сектор, еден од најпогодените во изминативе две години во пандемијата.

Апр 19, 2022
Димитар Влахов
Од СВР Охрид информираат дека 47-годишен маж е нападнат и каснат од куче скитник на улицата „Димитар Влахов“.

Апр 19, 2022
Санкции еу
Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство. Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленетo во близина на островот Евија.

Апр 19, 2022
Сонк
Денес продолжува штрајкот во училиштата и градинките кој е организиран од СОНК. Вчера владата побара предлогот за 10-процентно зголемување на платите, СОНК да го прифати.

Апр 19, 2022
Свр охрид
Кривична пријава против 38-годишен охриѓанец поради „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“.

Апр 19, 2022
Центар за развивање на животни вештини
Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид успешно ја завршија нови пет генерации.

Апр 19, 2022
Авто такси превоз
Советниците позитивно одговорија на барањето на такси превозниците со оглед на поскапувањето на горивата и економската криза. Но, воедно на денешната седница беше побарано од такси компаниите да ги подобрат услугите и односот кон граѓаните. Градоначалникот, порача дека такси превозот ќе биде под засилен инспекциски надзор и доколку не се придржуваат до прописите казните ќе бидат ригорозни.

Апр 18, 2022
Инфраструктурни проекти
Реконструкцијата на Македонски просветители ќе биде завршена во предвидениот рок , 1ви јуни. Локалната е во постојана координација со изведувачот и надзорот, вели градоначалникот Пецаков, со цел работите да се одвиваат според предвидената динамика.

Апр 18, 2022
Екологија
Не е пропуст на колектор за истекот на заматена вода, во населбата Воска, за кој алармираа поединци, тврди директорот на ЈП Колекторски систем. Проблемот е во реката Грашница, а решението е во надлежност на ЈП Нискоградба и Локалната самоуправа.