Skip to main content
Апр 23, 2022
Велика сабота
Велика Сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот и неговото слегување во адот.

Апр 23, 2022
Јп билјанини извори
Во недела на ден 24.04.2022 година, бесплатно паркирање во Охрид по повод големиот христијански празник „Велигден”.

Апр 23, 2022
Свр охрид
44-годишен охриѓанец при караница со негов сограѓанин пукал со пушка на улицата „130“ во Охрид. Тој е лишен од слободна и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Апр 22, 2022
НП Галичица
Се финишираат работите за опремување на планинската куќа Спиридон на Галичица. Ова ќе биде првиот објект на планина кој ќе има пречистителна станица. Домот ќе биде пример за одржливо искористување на природните ресурси во заштитеното подрачје на националниот парк, велат од охридската спасителна служба.

Апр 22, 2022
Велигденски празници
Апартманите во централното градско подрачје се речиси целосно букирани за време на Велигденските празници. Приватните сместувачки капацитети овој празничен продолжен викенд бележат поголема исполнетост во однос на хотелите, првенствено поради тоа што цените останаа исти како и лани.

Апр 22, 2022
Канадски власти
40 шумски бизони се преместуваат од регионот северна Алберта на Алјаска за да се спаси видот од изумирање.

Апр 22, 2022
Кина
Светските медиуми пренесуваат дека Кина тестирала хиперсонична ракета. Проектилот бил истрелан од најголемиот разурнувач на кинеската морнарица.

Апр 22, 2022
Во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беа гости учесници на Регионалната смотра на хортикултурни библиотеки.

Апр 22, 2022
Празнувања
Велики Петок, најтешкиот ден во годината, денот кога е распнат Исус Христос. Православниот канон за Великпеток предвидува строг пост со вода.