Skip to main content
Апр 16, 2022
Охридски комуналец
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со цела своја расположлива механизација се на терен и се чистат сите мапирани диви депонии низ општината.

Апр 16, 2022
Југозападен плански регион
Во организација на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во посета на Општина Охрид беа амбасадори и високи дипломати од странските амбасади во нашата држава.

Апр 16, 2022
Свр охрид
При тешка кражба од помошен магацин на полицијата во Стара касарна одземени се солзавци, шок бомби и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Апр 15, 2022
Економија
Итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза и намалување на невработеноста во Југозападниот плански регион. Ова се дел од заклучоците на првиот економско дипломатски караван во организација на министерството за надворешни работи, што денес се одржа во Струга. Компаниите ги претставија своите економски и инвестициски потенцијали пред високи дипломати во земјава.

Апр 15, 2022
Совет на Општина Охрид
Во понеделник Градскиот совет на Општина Охрид ќе одржи две седници, редовната 10-та и продолжение на прекинатата 8-ма седница.

Апр 15, 2022
Локална инфраструктура
Неасфалтираната улица им го загорчува секојдневниот живот и бизнис со години наназад. Се жалат дека се дават во прашина која зад себе ја оставаат моторните возила, камионите и автобусите кои проаѓаат или се паркираат по прашливата улица.

Апр 15, 2022
Градежни активности
Поради изведување на градежни работи, се известуваат учесниците во сообраќајот дека од 18.04.2022 (понеделник) се забранува паркирање и запирање на дел од ул. „Македонски Просветители“.

Апр 15, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава за 26-годишен охриѓанец кој на булеварот „Туристичка“ не застанал на знак за запирање од полициски службеници и со возило удрил еден од полицајците.

Апр 15, 2022
Туризам
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот годинава очекува раст на бројот на туристи од 20 до 30%. Светската туристичка организација ја вброи земјава на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи.