Skip to main content
Апр 12, 2022
Совет на општина Охрид
Во понеделник на 18.04.2022 година ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општина Охрид. Седницата ќе започне во 9 часот.

Апр 12, 2022
Завод за нефрологија Струга
Вработен на позиција благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, секој месец незаконски си ја покачувал платата и се стекнал со противправна имотна корист од 342 317 денари.

Апр 12, 2022
Социјала
Во пораст бројот на социјално загрозени во струшко. Поскапувањето на цените на основните намирници придонесе се` поголем број граѓани да се борат со сиромаштијата. Најпогодени се многудетните семејства и самохраните родители.

Апр 12, 2022
Недозволена трговија со дрога
Пронајдена марихуана во домот на 28-годишен охриѓанец. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Апр 12, 2022
Свр охрид
Од СВР Охрид информираат дека на 11.04.2022 во водите на Охридското езеро кај „Св. Наум“ е пронајдено безживотно машко тело.

Апр 12, 2022
Театарска претстава
Во петок ќе биде изведена претставата „Крик за љубов” – Жозиен Баласко во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Почеток 20:00 часот, во големата сала при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.

Апр 12, 2022
Борбени авиони
Србија е во преговори со Франција за купување на најмалку 12 нови борбени авиони „Рафал“, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Апр 12, 2022
Кризен штаб
На петтата седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

Апр 12, 2022
Туризам
Според најновите статистики на Светската туристичка организација, заздравува секторот туризам во Република Северна Македонија.