Skip to main content
Апр 11, 2022
Фудбал
Вардар назначи наследник на Никола Глигоров. Клубот соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Апр 11, 2022
Фудбал
Лука Модриќ игра уште една фантастична сезона. Има две понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Апр 11, 2022
Играна серија
Втората сезона од серијата „Bridgerton“ ставена на првото место на листата на Netflix на 10 најгледани серии во моментов.

Апр 11, 2022
Трагедија
Српскиот актер Бојан Лазаров (50) вчера изврши самоубиство во Белград, скокајќи од мостот на Ада на земјена површина. На самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил „опел астра“ во кој било пронајдено и прошталното писмо.

Апр 11, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а бензините поевтинуваат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Апр 11, 2022
Образование
Професорите од општинските училишта и воспитувачите од детските градинки стапија во штрајк. Нема пријави за притисоци врз штрајкувачите, а исклучок од протестот се наставниот и воспитниот кадар кои не се членови на СОНК. Штрајкувачите испратија порака до владата сериозно да се сфати улогата на учителот за подобар општествен статус во системот.

Апр 11, 2022
штрајк СОНК
Половина од наставниците од СОУ „Нико Нестор“ во Струга не го поддржаа генералниот штрајк. Од Регионалниот одбор на СОНК велат, штрајкуваат поголемиот дел од професорите и наставниците во Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа.

Апр 11, 2022
Викање и непристојно однесување
Од СВР Охрид информираат дека е нарушен јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување на двајца охриѓани пред казино на ул. Партизанска во Охрид.

Апр 11, 2022
Клиника за неврохирургија
Инцидент се случил синоќа на Клиниката за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пациент нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат.