Skip to main content
Апр 5, 2022
Комедија
Стендап комичарот Ненад Шиља Стефановски во петок ќе настапи во Џез Ин, со почеток во 20 часот. Картите се по цена од 300 денари.

Апр 5, 2022
Театарска претстава
Овој петок пред охридската публика ќе се одигра хит комедијата „Чекајќи го министерот. Театарската престава започнува во 20 часот, а влезот ќе чини 200 денари.

Апр 5, 2022
Рехабилитација и санација
Денес се уредуваше дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Поставена е нова тампон основа и извршено е прередување на каменот.

Апр 5, 2022
Свр Охрид
Жител на струшко Радолишта држел затворена во хотелска соба во Струга државјанка на Шпанија и ја присилувал на сексуални односи.

Апр 5, 2022
Археологија
Завршија едномесечните археолошки истражувања на градскиот Плоштад на четири локации. На последната се пронајдени монети и делови од градби кои датираат од поново време. Артефактите се откриени со помош на сонда на длабочина од половина метар.

Апр 5, 2022
Комуналец на терен
Денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнаа кабаст и комунален отпад кој беше расфрлан од несовесни лица во месноста Црногорци и ул. Кленоец кај Касарната.

Апр 5, 2022
ЈП Охридски Комуналец
Чистење на коритото на реката Сушица и на плажите Сараиште, Грашница, Канео и Потпеш, како и на градскиот кеј.

Апр 5, 2022
Куп на Македонија
Македонија Ѓорче Петров за ривал ја доби Струга, а натпреварот се игра крај Охридското Езеро. Бранителот на трофејот и актуелен второлигаш Силекс ќе ги одмери силите со последнопласираниот тим во Првата лига, Пелистер и тоа во Битола.

Апр 5, 2022
Фудбал

Во елитната Лига на шампиони вечерва ќе се играат првите два натпревари од четвртфиналето.

Дербито се игра во Манчестер каде се среќаваат актуелниот англиски и шпански шампион, Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. Тоа ќе биде прв меѓусебен дуел на овие екипи.

Атлетико на патот до четвртфиналето веќе одигра четири средби до англиските преставници. Во групната фаза „јорганџиите“ ги загубија двата дуели со Ливерпул, но затоа во првата елиминациска рунда го минаа Манчестер Јунајтед. 

За Сити ова е петто последователно чертвртфинале, во кое ќе го бркаат својот трет пласман во полуфиналната рунда. Кога во прашање се настапите пред своите навивачи, популарните „граѓани“ немаат пораз во еврокуповите цели 3,5 години на домашен терен, па затоа Манчестер Сити ја има и благата улога на фаворит во овој меч. 

Во вториот Бенфика ќе го пречека Ливерпул кој игра во топ форма. Традицијата на меѓусебните средби вели дека Ливерпул е поуспешен, а на десетте меѓусебни дуели црвените имаат остварено шест победи, наспроти четирите на португалскиот тим, која пак пред својата публика има 3 победи и 2 порази. 

Досега овие две екипи немаат одиграно нерешени, па за очекување е дека и на вечерашната пресметка може да се очекува голови. 

Вечерашните дуели меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид односно Бенфика и Ливерпул ќе започнат од 21 часот, термин во кој утревечер ќе стартуваат преостанатите два натпревари во кои Челзи е домаќин на Реал Мадрид, а Вилјареал го пречекува минхенски Баерн.