Skip to main content
Апр 4, 2022
Ти си твојот град
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од ул. Егејска кај стариот Отпад. Погледнете ја моменталната состојба на овие места.

Апр 4, 2022
Греми награди
Џон Батист доби шест признанија на 64-тото доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас. Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак.

Апр 4, 2022
Избори во Србија
Српската изборна комисија денеска ја потврди победата на Александар Вучиќ и Српската напредна партија (СНС). Вучиќ добил 59,5 отсто од гласовите.

Апр 4, 2022
Плати во образовниот сектор
За денеска, како што претходно најави претседателот на Синдикатот за образование и наука (СОНК), Јаким Неделков, закажана е нова рунда преговори меѓу Синдикатот и Владата на која треба да преговараат за усогласување на платите во образовниот сектор.

Апр 4, 2022
Ракомет
Кадетите на ГРК Охрид успеаа да ја победат екипата на РК Пролет. Со тоа, охридските ракометари завршија на третото место на Ф4 турнирот кој се одржа во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Апр 4, 2022
Избори во регион
Лидерите на Србија и на Унгарија, Александар Вучиќ и Виктор Орбан победија на изборите во своите земји. Сега ќе „возат“ уште по еден мандат.

Апр 4, 2022
Таеквондо
Три сребра за Македонија на Европското Таеквондо ИТФ првенство за Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска.

Апр 4, 2022
На програмата на ТВМ
Секој ден од понеделник во петок во терминот во 22:30 часот, ТВМ Започнува со емитување на руска серија „Наргиев во карантин“.

Апр 3, 2022
Гласање
Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.