Skip to main content
Апр 1, 2022
Мировни преговори
Mировните преговори меѓу Украина и Русија продолжија денеска преку интернет. Двете делегации во вторникот се сретнаа директно во Истанбул, по две недели онлајн преговори.

Апр 1, 2022
Судир на авиони
Загинаа тројца пилоти при судир на два авиони за обука во Јужна Кореја. Авионите се урнаа во оризово поле во Сакон.

Апр 1, 2022
Технолошки сектор
Американскиот Оддел за финансии соопшти дека санкциите се дел од неговото потиснување на мрежите и технолошките компании за избегнување санкции на Кремљ.

Апр 1, 2022
Управа за јавни приходи
Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.

Апр 1, 2022
Експлозија на метан
Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени. Според првите информации загинати се осум лица, а над 20 се повредени.

Апр 1, 2022
Економија
Покачен минималец, според последните законски измени, ќе добијат 80 илјади вработени. Зголемен е за 2 800 денари од претходниот и изнесува 18 000 денари.

Мар 31, 2022
Поддршка на Украина
Германскиот рок-бенд „Scorpions“ го промени текстот на легендарната балада „Wind Of Change“, во знак на поддршка на Украина.

Мар 31, 2022
АК Градиште
Пештанци обвинуваат во АК Градиште се гради и нема одстранување на нелегалните објекти. Продолжува да се гради и покрај препораките на Унеско и спорот со имотно-правни односи. Повикуваат Градоначалникот и Премиерот да се заложат кај институциите да се почитуваат законите.

Мар 31, 2022
Игран филм
Излезе последниот трејлер на Top Gun: Maverick, а во исто време го имаме и датумот на прикажување, во кино салите: 25 мај 2022 година! Во продолжението на легендарниот акционен филм од средината на 80-тите години повторно ќе глуми Том Круз и судејќи според трејлерите се чини дека уште еднаш ветува акција која ќе ни го возбуди срцето побрзо да чука.