Skip to main content
Мар 30, 2022
Хуманитарен концерт
На хуманитарниот концерт за Украина каде меѓудругите свој настап имаа Ед Ширан и Камила Кабело, беа собрани над 12,2 милиони фунти или 21 милион долари.

Мар 30, 2022
Најава за силно невреме
Поради најава за силно невреме во прекин ќе биде поморскиот сообраќај Албанија-Италија, информираат од Генералната поморска дирекција.

Мар 30, 2022
Ковид 19
По масовната вакцинација, Швајцарија од 1-ви април ќе ги укине преостанатите ограничувања поврзани со ковид 19.

Мар 30, 2022
Наса
Ново изненадување. Ледени вулкани откриени на снимките од Плутон, направени од мисијата на НАСА „Нови хоризонти“.

Мар 30, 2022
Унеско
Иднината на Унеско статусот е во рацете на младите охриѓани. Тие се иден коректор на штетните политики кон заштитеното културно и природно наследство. Стекнуваат свесност и менаџерски дух како да се справат со проблемите во иднина.

Мар 30, 2022
Пандемија
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на ковид-19.

Мар 30, 2022
Педијатрија
Се продлабочува проблемот со недостиг на педијатри во охридско-струшкиот регион. Детското одделение во Охрид речиси половина година работи само како амбуланта, а децата се лекуваат во Струга. Лекарите се загрижени во пресрет на престојната туристичка сезона, кога проблемот дополнително ќе ескалира. Бараат министерството за здравство да изнајде соодветно решение.

Мар 30, 2022
Училишта и градинки
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките, информираа од Синдикатот по вчерашните преговори со претставниците на Владата за нивните барања за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.

Мар 30, 2022
Конфликт Украина
Постои реална опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил кога руските сили ја контролираат нуклеарната централа.