Skip to main content
Мар 29, 2022
фудбал
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на гости во Порто против фаворизираниот домаќин Португалија го игра историското бараж финале за пласман на Светскиот шампионат во Катар.

Мар 29, 2022
Образование
Двесте лица во земјава се стекнале со титулата доктор на науки на Универзитетските центри во земјава. Жените биле поамбициозни во понатамошното едуцирање.

Мар 29, 2022
Театарска претстава
Хит комедијата „Чекајќи го министерот“ ќе гостува во Охрид на 08.04.2022 година (петок). Театарската претстава започнува во 20 часот, а влезот ќе чини 200 денари.

Мар 29, 2022
Мини маркет
По налог на Општина Охрид екипи на јавните претпријатија започнаа со санација на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.

Мар 29, 2022
охридски комуналец
На 30.03.2022 година (среда), ЈП „Охридски Комуналец“ организира акција за подигнување на кабаст отпад во Пештани. Од Јавното претпријатие апелираат до жителите на ова село, кабастиот отпад да го депонираат најдоцна до 8 часот во среда.

Мар 29, 2022
партерно уредување
Се уредуваат краците на улицата „Климентов Универзитет“ во стариот дел на Охрид. Уништените коцки се заменуваат со нови, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бокоп“.

Мар 28, 2022
Градежни активности
Се одвиваат градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булеварот Туристичка. Активностите се во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Мар 28, 2022
Пронајдено безживотно тело
63-годишниот охриѓанец Владо Ќосески, кој беше пријавен за исчезнат и по кого се трагаше неколку дена е пронајден мртов. Според првичните информации се работи за самоубиство.

Мар 28, 2022
Бегалци Украина
Семејството Орловски од Украина кое е бесплатно сместено во вила во Струга полека се привикнува на животот далеку од татковината. Сопственикот на вилата кој го отвори својот дом, вели од хуманитарни побуди преку социјалните мрежи понудил помош за бегалци од Украина.