Skip to main content
Мар 31, 2022
Анкети во Србија
Анкетите спроведени на крајот на изборната кампања покажуваат дека Вучиќ, доколку излезат повеќе од половина од вкупно 6,5 милиони регистрирани гласачи, би освоил втор последователен претседателски мандат во првиот круг со околу 60 отсто од гласовите.

Мар 31, 2022
Управа за хидрометеоролошки работи
Зголемен водостојот на Охридското езеро за еден сантиметар. За осум сантиметри е понизок од просечниот за март, според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Мар 31, 2022
Општина Дебрца
Завршена реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во село Брежани Општина дебрца во планинарски дом.

Мар 31, 2022
Министерство за образование и наука
Објавен конкурс за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година, информираат од Министерството за образование и наука.

Мар 31, 2022
Геополитика
Една четвртина од светот, или две милијарди луѓе, живеат на подрачје каде има воени конфликти или насилни конфликти после Втора Светска Војна.

Мар 30, 2022
Несовесни граѓани
Повторно несовесни лица расфрлиле разновидно ѓубре. Овој пат на патот кој води кон Претседателската Вила. Сликите се испратени во рубриката „Ти си твојот град“.

Мар 30, 2022
Хуманитарен концерт
На хуманитарниот концерт за Украина каде меѓудругите свој настап имаа Ед Ширан и Камила Кабело, беа собрани над 12,2 милиони фунти или 21 милион долари.

Мар 30, 2022
Најава за силно невреме
Поради најава за силно невреме во прекин ќе биде поморскиот сообраќај Албанија-Италија, информираат од Генералната поморска дирекција.

Мар 30, 2022
Ковид 19
По масовната вакцинација, Швајцарија од 1-ви април ќе ги укине преостанатите ограничувања поврзани со ковид 19.