Skip to main content
Мар 29, 2022
Опожарени викендички
Голем шумски пожар во словенечката општина Предвор. Досега опожарени се пет викендички, а повредени се неколку пожарникари.

Мар 29, 2022
Хуманитарни цели
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот за хуманитарни цели во Украина и за да се овозможи напредок во политичките преговори насочени кон постигнување мировен договор.

Мар 29, 2022
Мировни преговори
Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за ситуацијата во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, со ненадејно присуство на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради интервенцијата на Москва во Украина.

Мар 29, 2022
Архивистика
Државниот архив во сите одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, да ги видат новите изданија од областа на историјата.

Мар 29, 2022
Уефа
Лигата на шампионите ќе претрпи значителни промени, а само дел од нив треба да бидат доделување на две вајлд карти. Овој предлог сеуште се разгледува, но голема е веројатноста да помине.

Мар 29, 2022
Општа болница Охрид
Седум месеци охридската болница работи со блокирана сметка. Директорот вели доколку државата не интервенира ќе се намали квалитетот на здравствените услуги.

Мар 29, 2022
фудбал
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на гости во Порто против фаворизираниот домаќин Португалија го игра историското бараж финале за пласман на Светскиот шампионат во Катар.

Мар 29, 2022
Образование
Двесте лица во земјава се стекнале со титулата доктор на науки на Универзитетските центри во земјава. Жените биле поамбициозни во понатамошното едуцирање.

Мар 29, 2022
Театарска претстава
Хит комедијата „Чекајќи го министерот“ ќе гостува во Охрид на 08.04.2022 година (петок). Театарската претстава започнува во 20 часот, а влезот ќе чини 200 денари.