Мар 28, 2022
Градежни активности
Реконструкција на пешачка патека на бул. Туристичка
Се одвиваат градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булеварот Туристичка. Активностите се во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.
Мар 28, 2022
Пронајдено безживотно тело
Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов
63-годишниот охриѓанец Владо Ќосески, кој беше пријавен за исчезнат и по кого се трагаше неколку дена е пронајден мртов. Според првичните информации се работи за самоубиство.
Мар 28, 2022
Бегалци Украина
Семејството Орловски се привикнува на живот во Струга
Семејството Орловски од Украина кое е бесплатно сместено во вила во Струга полека се привикнува на животот далеку од татковината. Сопственикот на вилата кој го отвори својот дом, вели од хуманитарни побуди преку социјалните мрежи понудил помош за бегалци од Украина.
Мар 28, 2022
Хидробиолошки институт
130 годишнина од раѓањето на Синиша Станковиќ
Хидробиолошкиот Институт ја одбележа 130 годишнината од раѓањето на Академик Синиша Станковиќ. Лимнологот, вљубеник во Охридското езеро е иницијатор за формирање на Институтот. Денес, Хидробиолошки е реномирана научна установа која го проучува живиот свет во Охридското Езеро.
Мар 28, 2022
Туристички сектор
Повеќе туристи се очекуваат летово
Туристичките работници покажуваат оптимизам за претстојната летна сезона по враќањето од одржаниот Белградски саем. Ова лето се очекува поголем број на традиционалните туристи меѓу кои се и српските гости. На нашето крајбрежје се очекуваат полските гости, а се враќаат и израелците.
Мар 28, 2022
нафтени деривати
Поскапуваат горивата
Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Мар 28, 2022
центар на охрид
Уништени тротоари кај Тутунска бакна
Уништени тротоари во околина на Тутунска банка во центарот на Охрид. Сликите се испратени од наш сограѓанин во рубриката „Ти си твојот град“.
Мар 28, 2022
Едукативен перформанс
Превенција од трговија со луѓе
Едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе денес како герила-акција, младите волонтери од Црвен крст изведоа во дворот на гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Мар 28, 2022
Еразмус плус програма
Охрид домаќин на ученици од европски земји
Охрид домаќин на професори и ученици од неколку европски земји кои преку Еразмус плус програмата го реализираат проектот „Наша култура, наша иднина“.