Авг 21, 2025
Сончево со температура до 31 степен
За време на викендот температурите ќе бидат во опаѓање.
Авг 20, 2025
Вработен во Национални шуми го оштетил претпријатието за половина милион денари
Поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Авг 20, 2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја
Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.
Авг 20, 2025
Миланка Новеска Густавсон се враќа во родниот Охрид со концертот Времеплов
Новеска ќе пее заедно со нејзината колешка, сопранот Тина Ристеска во црквата „Св. Софија“ утревечер од 20 часот. Многу ме радува што ќе настапам пред моите охриѓани и што ќе ја споделам мојата уметност со публиката во тој свет духовен простор, вели Новеска пред концертот.
Авг 20, 2025
„Продолжи да сонуваш“ – самостојна ликовна изложба на проф. Жанета Стаиќ
Изложбата ќе биде поставена во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” од 26-ти август до 2-ри септември.
Авг 20, 2025
Промотивната флотила „Запознај го едрењето – Заштити го езерото“ на 26-ти август
Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за авантура и забава на водите на прекрасното Охридско Езеро! Време е за едрење, порачуваат организаторите.
Авг 20, 2025
Во сабота започнува јавниот увид во Избирачкиот список
Од сабота, 23 август, до 11 септември граѓаните можат да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоци.
Авг 20, 2025
Европската премиера на „Електра“ ќе го затвори 65. издание на „Охридско лето“
Претставата ќе се одигра на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21 часот.
Авг 20, 2025
Во петок започнува третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“
Три вечери, еден фестивал, безброј моменти за паметење. Не пропуштајте!, порачуваат организаторите.