Јул 9, 2025
ЈП Водовод – Охрид
Денес прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти
Денес неколкучасовен прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти поради преприклучување на новата водоводна линија.
Јул 9, 2025
православен календар
Преподобен Давид Солунски
Православен календар: Спомен на Преподобен Давид Солунски.
Јул 9, 2025
УХМР
Денес сончево време, од утре значително опаѓање на дневната температура
Денешните температури во Охрид од 16 до 29 степени Целзиусови.
Јул 8, 2025
Во Струга отворен генерален конзулат на Република Албанија
Оваа институција ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји.
Јул 8, 2025
ОВР Струга со превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправна сеча“
На терен тимови од полициски службеници контактираат со граѓаните, им делат флаери со едукативна содржина и низ кратки разговори, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат при движење на регионалниот и другите патишта покрај шумските појаси.
Јул 8, 2025
Црвен крст Охрид
Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и НП Галичица
Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денес Црвен крст Охрид ѝ предаде на Јавната установа Национален парк Галичица 10 заштитни шлемови, 10 заштитни визири компатибилни со шлемовите и 10 работни одела.
Јул 8, 2025
,,Најзелени примери од Западен Балкан” – регионален фото натпревар
Учесниците треба да испратат серија од 4 до 6 фотографии на следниве теми: циркуларна економија, одржливо земјоделство, намалување на загадувањето, зелени финансии, зелено образование, биодиверзитет, и треба да имаат јасна еколошка порака и уметнички дух.
Јул 8, 2025
Отворен Почесен Конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид
Охрид покрај многубројните епитети кои го красат , полека добива уште еден, конзулски град. Денеска беше отворен Почесен Конзулат на Босна и Херцеговина со седиште во Охрид, кое е осмо дипломатско конзуларно претставништво во градот. За почесен конзул е назначен нашиот познат поранешен кошаркар, Перо Антиќ.