Нови 183 заразени со ковид во земјава, 9 починати
Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 135. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.
Кривична за охриѓанец поради нелегално поседување на ловна пушка и куршуми
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А. (39) од Oхрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Охрид ќе добие Центар за стари лица
Поставени фотоволтаични панели за чуварската служба на депонијата „Буково“
Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина
Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година.
Уапсен модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос
Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан.
Три дена беснее пожар на Јабланица, жителите на Вишни преплашени
Пожар веќе три дена беснее на Јабланица. Синоќа пламените јазици наближувале до првите куќи во селото Вишни. Жителите преплашени, пожарникарите и Македонски шуми на терен ја набљудуваат состојбата, велат засега нема опасност од проширување.
ЕУ со помош за најпогодените од пожарите во Македонија
Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.
„Болнички комплекс“ со години во лоша состојба
„Болнички комплекс“ со години е во лоша состојба, велат жителите на овој дел од градот.