Јул 12, 2023
Менструалната хигиена не е луксуз
Владата го утврди предлог законот кој предвидува намалување на „розовиот данок“
Законот предвидува повластена стапка од 5% во прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани.
Јул 12, 2023
Влада на РСМ
Владата со препораки за намалување на ризиците по здравјето на населението од топлотен бран
Владата одлучи мерките да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.
Јул 12, 2023
Следното рочиште на 21-ви септември
Одложено рочиштето за случајот Пендиков, првообвинетиот се разболел
Одоложено денешното рочиште за случајот Пендиков, бидејќи во судница не се појави обвинетиот Илија Спасески поради здравствени причини. Пендиков денес се враќа во Софија, а следното рочиште од судскиот спор за нападот на Христијан Пендиков е закажано за 21ви септември.
Јул 12, 2023
Неподнослива леснотија на „заминувањето“ – почина Милан Кундера
Милан Кундера e еден од најважните писатели на 20 и 21 век.
Јул 12, 2023
НУ Библиотека „Григор Прличев“
Во Охрид функционира „Отворена библиотека“ 24 часа
Принципот е едноставен, гостите ќе можат да позајмат, но и да разменат и остават свои книги на ново изработените полици за оваа намена .
Јул 12, 2023
Итна и долгорочна заштита на извонредна природна креација – изворите Св Наум
Новото открите во изворите Св Наум ја потенцира потребата од заштита на уникатниот екосистем
Новите информации за постоењето на два нови видови и еден род на гастроподи (полжави) кои до сега не биле забележани и идентификувани во изворите кај Св Наум се најголемиот дострел на повеќегодишно истражување кое кулминираше со имплементацијата на проектот Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната abrdn фондација.
Јул 12, 2023
Свечено отворање со грандиозен концерт на оперската дива Анџела Георгиу
Охрид од вечерва ќе живее со уметноста, започнува Фестивалот Охридско лето
На сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, сцената на Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев“ во фестивалските денови до 20-ти август ќе се одвиваат врвни настапи на светски познати имиња од музичката и драмската уметност.
Јул 12, 2023
Левица Охрид за уредувањето на плажите
Левица: Огласот беше за шанкови на плажи, но некои работат како ноќни клубови
Локалниот огранок на Политичката партија Левица, апелира до инспекциските служби ефикасно, транспарентно и отчетно да ги извршуваат надзорите и соодветно да реагираат на терен. Додаваат дека Охрид треба да претставува животно искуство за многу туристи и посетители, а не крајбрежје во кое не може да се разминат посетителите.







