Вакцините не се „генетски боцки“ ниту шират ковид
Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани.
Се урна зграда во Грузија, под урнатините има и деца
Голем број луѓе, вклучувајќи и деца, останале заробени под урнатините на зграда во Грузија.
15-годишно девојче почина од Ковид-19
Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.
ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „ПОБРАЖЕЊЕ“- ВЕВЧАНИ
Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.
Убава фотографија од Охрид во склоп на „Ти си твојот град“
Секојдневно ни пристигнуваат убави фотографии од нашиот прекрасен Охрид, во склоп на проектот „Ти си твојот град“.
Меѓународниот монетарен фонд одобри финансиска поддршка за нашата земја, во износ од околу 176 милиони евра за борба против пандемијата на вирусот КОВИД-19
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот КОВИД-19.
Екипата на Игокеа, победник на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир
Екипата на Игокеа, победник на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград.
Битолчанец фатен со хероин на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид
На 06.02.2022 во 14.55 часот во СВР Охрид приведен е Б.В. (23) од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин.
Тепачка на улицата „Св. Климент Охридски“
На 18.12.2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С. (46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К. (28) и С.П. (43), сите од Охрид.