Skip to main content
Фев 7, 2022

На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење.


Дек 24, 2021

Микробиологот Пановски изразува сомнеж дека омикрон можеби е влезен во Македонија, а потврда за такво нешто немаше. Оттука, насловот на текстот линкуван во постот е погрешно формулиран, а на самата објава на Фејсбук ѝ недостига контекст, односно објаснување дека станува збор за претпоставка, а не за официјална потврда. Сојот омикрон на коронавирусот во земјава пристигна дури четири дена подоцна.


Дек 19, 2021

На 17.12.2021 година во 17.55 часот во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ.(36) врз Ј.С.(47), двајцата од Охрид.


Окт 20, 2021

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани.


Окт 8, 2021

Голем број луѓе, вклучувајќи и деца, останале заробени под урнатините на зграда во Грузија.


Сеп 1, 2021

Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.


Авг 16, 2021

Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.


Јун 21, 2021

Секојдневно ни пристигнуваат убави фотографии од нашиот прекрасен Охрид, во склоп на проектот „Ти си твојот град“.


Апр 11, 2020

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот КОВИД-19.