Од недела во Охрид ракометна пролетна полусезона
Ракометна пролетна полусезона од недела во Охрид. На градскиот ракометен клуб за пласман во плејофот му се потребни 5 победи, а прв противник е Бутел. Скопската екипа е традиционално најнезгодниот противник за „Гладијаторите“, па затоа повеќе од потребна е поддршката од трибините.
Со соработка меѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар
Со ротации и соработка помеѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар. Во болниците недостигаат специјализанти, а за надминување на овој проблем потребно е спојување и регионализација на петте болници во еден клинички центар.
Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.
Пожар во болница во Романија, најмалку 9 жртви
Најмалку девет жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП.
Еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк
Јабланица да биде прогласена за Национален парк, во спротивно еколошките друштва од Лабуништа сами ќе го заштитат подрачјето каде со години се врши неконтролирана сеча и масакр врз шумите. По апелите на активистите деновиве во атарот на Лабуништа инспекторите од Институтот за шумарство вршеа увид и донесоа времена забрана за дрвосеча.
ИНТЕГРА со честитка за националниот празник на Американската нација
Честитајќи го националниот празник на американската нација и држава, а на искуството на американскиот слободољубив народ, ја упатуваме пораката дека секоја слободоумна влада треба да учи како се брани национална гордост и националното достоинство, како се храни патриотизам на ниво на нација и држава, како се сака и се гине за своја татковина, како се гради и чува држава.
Игралишта во лоша состојба
Наш сограѓанин ни испрати слики од спортско и детско игралиште во градов кои се во лоша состојба поради несовесни граѓани.
„Балканска 3а/2“ овој петок на репертоарот на охридскиот народен театар
Овој петок, 24-ти јануари, со почеток во 20 часот, во охридскиот Народен театар ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски. Сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.
Бројки кои откриваат за какви “војници” се работи
Атлетико Мадрид дојде до уште една победа на својот препознатлив начин