Вакцините функционираат, никој не тврди дека се 100 отсто ефикасни
И невакцинираните и вакцинираните можат да заболат и да го пренесат вирусот, со тоа што разликата во исходот од болеста може да биде многу поразлична за овие две групи. Сепак, најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна и тоа досега никој не го тврдел. Делта сојот ја промени, односно ја намали ефикасноста на вакцините, но тие сè уште во најголем број на случаи спречуваат тешка клиничка слика, хоспитализација и смртен исход.
Бајден ја прими третата вакцина против Ковид-19
Американскиот претседател Џо Бајден ја прими третата доза на вакцина против ковид-19 денес, неколку дена откако неговата администрација одобри трета доза од вакцината на Фајзер за одредена популација.
Делегации на Интегра положија цвеќе на Мечкин Камен и Пелинце
Спречен шверц на 3 килограми марихуана кај „Ќафасан“
На 9-ти јули 2021 година, во шумски појас во близина на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, полициска патрола од ОВР Струга, пронајде и одзеде најлонска кеса со околу три килограми марихуана.
Дупки на улицата Богомилска
Наш сограѓанин ни испрати слики од ул. Богомилска. На нив се гледа дека по извршените интервенции од охридските Јавни претпријатија, улицата и на двете места не е вратена во првобитна состојба.
Претставата „Стаклена Менажерија“ во петок на репертоарот на народниот театар
Народниот театар Охрид, во петок, 15 ноември, ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Охридските гладијатори подеднакво ќе атакуваат на два фронта
Охридските ракометни гладијатори со фаворитска улога за претстојните два натпревари против Тинекс Пролет и екипата на Прилеп. После овие два куп натпревари, веќе во среда уште еден сериозен тест за нашите ракометари против екипата на Зомимак од Струмица од Суперлигашкиот плеј оф.
Одбележан патронатот на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид
Учениците и присутните се потсетија на Прличевата мисла „Блазе си му на оној што со труд се извишува себе си“. Оваа порака од големиот Прличев се пренесува од генерација на генерација ученици кои образованието го стекнуваат во училиштето кое со гордост го носи неговото име.
Општина Дебрца објави конкурс за доделување ученички и студентски стипендии
Општина Дебрца објави конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Македонија, како и на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за учебната 2021/2022 година.