Skip to main content
Сеп 28, 2021

Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се водат во статистиката како смртни случаи од ковид-19. Тврдењето дека вакцината е експериментална е лажно. „Фајзер“ доби дозвола за целосна употреба, нешто што се очекуваше да ја зголеми довербата кај антиваксерите, но не се случи – тие продолжија како и во овој пост, да ја повторуваат старата мантра.


Сеп 22, 2021

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.


Авг 20, 2021

Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти.


Јун 14, 2021

Има или не дивоградби во Струга е прашањето на кое градоначалникот Мерко ни сам не може да одговори. Иако упорно тврди дека нема, денеска се отстрануваа неколку диво поставени платформи во езерото. Дали е ова само собирање ефтини поени пред престојните избори за ДУИ или само за како што вели Мерко, Струга да не биде црна овца пред очите на Унеско.


Авг 22, 2019

Министерот за култура Хусни Исмаили ги прогласи за отворени Струшките вечери на поезијата. Од градот на поезијата Исмаили им се обрати на стотина поети од земјата и странство.


Апр 5, 2016

Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ- СИТЕ ЗА СПОРТ по повод интернационалните денови на спорт и здравје , 06. и 07. 04. 2016 година (среда и четврток) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот.


Фев 3, 2022

Педијатријата како медицинска гранка е на изумирање. Недостасуваат матични педијатри и специјалисти на детските одделенија во општите болници, а дефицит ќе има и на Детската клиника. Врвни експерти и професори педијатри укажуваат дека во изминативе 10-тина години државата нема стратегија кои кадри недостасуваат и што мора да се специјализира.


Дек 14, 2021

Хотелските капацитети ќе бидат исполнети и до 90 проценти, оптимистички најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Оптимизмот не ги напушта и кога станува збор за туристичките резултати кои се очекуваат во претстојната 2022 година.   


Сеп 28, 2021

Тоа што некој починал по администрирана вакцина, не покажува причинско-последична врска со самата вакцина. Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Пријава до ВАЕРС може да достави и лекар и обичен граѓанин, дури и ако не е сигурен дека последицата настапила од вакцината. Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е доказ дека вакцината го предизвикала ефектот.