23 Фев2012
Филмско око
„Филмско око“ Петок во 17:30 со Ѓоко Симјаноски
Петок е ден за уживање во филмската магија...
Емисијата посветена на седмата уметност е вистинско уживање за љубителите на подвижните слики. Вистинска гозба приготвена со многу љубов и труд за гладното непце на филмофилите.
Авторот и водител Ѓоко Симјаноски ви ги донесува најновите случувања од светот на најмоќната забавна индустрија. Неисцрпен извор на информации за најстарите, најголемите и најгламурозните филмски фестивали, премиери, трејлери, интервјуа...
Од црвениот тепих и од бекстејџот на најновите филмски остварувања како и навраќање на најзначајните синеасти и култни мајстори на магијата наречена филм, се` на едно место, спакувано со посебениот сензибилитет на Симјаноски.