21 Ное2013
Американски топ модел
Од понеделник до петок во 22:30.
Американски Топ Модел (America`s Next Top Model), реално шоу кое остави печат врз американската поп култура.
ТелевизијА ТВМ Ви го донесува интерактивниот натпревар меѓу обични девојки „од соседството„ кои се обидуваат да се пробијат во светот на високата мода. Супермоделот Тајра Бенкс дава посебен печат на ова реално шоу појавувајќи се како презентер но и како главен продуцент.
Американски Топ Модел започна да се емитува на 20 мај 2003 година и во своето 10 годишно постоење на модната индустрија и даде голем број свежи лица кои изградија светска кариера како високо барани модели.
Американски Топ Модел е интересна, возбудлива и мотивирачка приказна за девојки со големи соништа и нивниот пат до модните писти.