НОВ ДЕН
Радувај се на животот...
Пречекори ги сопствените граници...
Истражувај, сонувај, откривај... како дете што се радува на светот околу него...
НОВ ДЕН со Лејла Гогова и Мишел Наумоски
Донесувањето одлуки што се добри за вашето и за здравјето на вашето семејство може да биде многу збунувачко. Во списанијата, ТВ-рекламите и во последно време на интернет се нудат низа информации кои често се негираат една со друга а што е уште позагрижувачки, доаѓаат од непроверени извори.
Нашата визија во НОВ ДЕН е да обезбедиме точни информации што ќе ви помогнат во прифаќањето здрави навики во исхраната. Во рубриката „Здравје на мени“ соработуваме со нутриционистот Весна Пирузева Петровска.
Секој НОВ ДЕН одвојте време за физичка активност и вашето тело ќе ви биде благодарно затоа што тоа е конструирано од природата за движење а не за седење пред компјутер, телевизор, во автомобил.
Придвижете се со нашиот „Мотиватор“ преку советите на Јован Каланоски, дипломиран кинезотерапевт.
Во „Урбан сонувач“ погледнете репортажи за интересни дестинации низ светот, дознајте што е ново во светот на модата, ентериерното уредување, корисни совети за домот и семејството.
„Минута култура“- информатор за културните случувања во нашиот град, интересни настани од светот, предлог книги за вљубениците во пишаниот збор.
НОВ ДЕН со Лејла Гогова и Мишел Наумоски, неделна доза квалитетни содржини, добри информации за здрави животни навики и интересни приказни од гости за нивниот стил на живот.