99 %
Во општество кое нештата ги перцепира низ призмата на политиката, во ситуација кога се зголемува гладта да се чујат и споделат интимните ставови на луѓето за секојдневните предизвици....99 % ќе биде граѓанскиот полиграф кој ќе ги преслуша личните ставови од сите агли...
99 % обработува секојдневни теми кои се интересни за охриѓани, а кои се однесуваат на нивното секојдневие. Станува збор за емисија во која ќе се зборува за теми како комунални проблеми, решавање на некои инфраструктурни проблеми кои одат во нивна полза, до социјални права на граѓаните, образование, па дури и економија, ама онаа непосредната со која граѓанинот на негово ниво секојдневно се среќава, буквално се она што ги допира охриѓани директно или индиректно.
Поимот „дебатна емисија“ можеби делува малку застрашувачки, па во општество кое со години не искусило било каква дебата, 99 % ќе ги крши наметнатите табуа и тргнува во потрага по граѓанската вистина. 99% не е политичка емисија ниту пак обработува теми од политички аспект, 99% е сосема спротивно од тоа, 99% го пробива политичкиот штит на сите граѓани и го извлекува единствено граѓанското. Соговорниците во емисијата ќе бидат добро познати, во секое наредно издание тие во различни емисии, на различни теми ќе ги споделуваат сопствените ставови и ќе го даваат својот придонес за подобро утре. На крајот на краиштата, НИЕ СМЕ 99 %, и сме несразмерно побројни од елитите кои влегуваат во преостанатиот 1 %. Затоа во оваа емисија ќе се обидеме да му дадеме време, место и можност на гласот на граѓанинот да биде пред се и над се.
Секој вторник во 17 часот и 30 минути ќе имате можност да слушате како за темите кои ВАС ве тиштат, размислуваат дел од нашите сограѓани кои можеби со своето знаење, упорност, експертиза па дури и моќ, би можеле да придонесат за решавање на проблемите. Бидете 100 % со 99 % на Телевизија ТВМ.